Подигање на свеста за заштита од сајбер насилство
Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција, нашето училиште „Бајрам Шабани“ во соработка со ООУ „Браќа Миладиновци“ успешно ги спроведе планираните активности, со цел зајакнување на соработката, меѓусебното почитување, комуникацијата и развојот на дигиталните вештини кај учениците.
За време на имплементацијата на проектот, учениците учествуваа во разни образовни, истражувачки и практични активности, каде што работеа во мешани групи, подготвуваа презентации за безбедноста на интернет, развиваа задачи во дигитални програми како што се Scratch, Canva и Share и изработуваа материјали за подигање на свеста за заштита од сајбер насилство.
Координатор на проектот беше училишната педагошка, Нерџиване Нухиџи, додека наставничка имплементирачка беше Лулјета Ебиби Јакупи.





Поврзани објави