Еколошка работилница „Од семе до цвет“
Во рамките на Планот за активности за меѓуетничка интеграција (МИО), успешно беше спроведена еколошката работилница „Од семе до цвет“, во соработка помеѓу ООУ „Бајрам Шабани“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
Преку практични активности, учениците работеа заедно на садење семе, уредување еколошки катчиња и развивање на свеста за заштита на животната средина. Во исто време, тие создадоа мостови на пријателство, почит и соработка меѓу заедниците, докажувајќи дека учењето е уште поубаво кога се споделува со другите.
Оваа активност беше спроведена со посветеност и соработка на координаторот, педагогот на нашето училиште, Нерџиване Нухиџи и наставничките Медина Ислами Дестани и Гордана Јовановска.





Поврзани објави