⭐ Бајрам Шабани (14 октомври 1922 во Липково – 14 октомври 1941 во Белановце) – учесник во НОВ во Македонија, првоборец и народен херој.
🏅 За народен херој на Југославија бил прогласен на 10 октомври 1951 година.
Животопис 📖
Потекнува од сиромашно селско семејство кое во Липково немало доволно земја за обработување 🌾. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач 🔨. Во 1939 година се вклучил во синдикалното движење, а во летото 1941 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) ✊.

Bajram Šabani 🖼️
Во септември 1941 година, Шабани е дел од групата која, по наредба на кумановската партиска организација, го проучува просторот на делување на Карадачкиот партизански одред 🗺️. При престојот на групата во селата, Шабани на албански јазик ги убедуваше своите соговорници дека бугарската власт е ненародна и дека ги пљачкосува и Албанците и Македонците 🗣️.
На 12 октомври 1941 година кога се формира Карадачкиот партизански одред, Шабани станува борец на одредот ⚔️. Загинал по два дена, во борба со бугарската војска и полиција во атарот на с. Белановце, Кумановско, држејќи отстапница на своите другари 🤝. Во моментот кога ја фрлил последната бомба 💣, бил погоден од митралески оган и паднал мртов ⚰️.
За народен херој бил прогласен на 10 октомври 1951 година 🏅.
