projekt 17 09 2025

Завршна церемонија „Градиме нови мостови“

На 16 септември 2025 година, нашето училиште „Бајрам Шабани“ учествуваше на завршната церемонија на двегодишниот проект „Градиме нови мостови“, организиран од ОБСЕ.
Овој проект имаше за цел зајакнување на социјалната кохезија и градење меѓукултурни мостови преку активно вклучување на учениците и училиштата во заеднички активности.
Координатор на проектот беше наставничката Нерџиване Нухиџи, која, како и секогаш, даде извонреден придонес за достојното претставување на нашето училиште и за промоција на вредностите на соработка, почит и меѓукултура.
Им се заблагодаруваме на наставниците учесници: Исмет Рашити, Вјолца Муслиу, Гзим Рушити, Ифакет Шабани, Антара Османи и Севим Шахини, кои со својата работа придонесоа за зајакнување на вредностите на соживот, почит и меѓукултурно образование.