Рециклирање на хартија
Во рамките на активноста „Еколошки час“, организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, денес ја реализиравме активноста со тема „Рециклирање, преработка на отпад“, додека практичната активност беше „Рециклирање на хартија“.
Преку оваа активност, учениците ја научија важноста на рециклирањето, заштитата на животната средина и начините на кои отпадот може повторно да се употреби за создавање почиста и поздрава средина. Со креативност и посветеност, тие покажаа дека грижата за природата започнува со малите акции на секој од нас.
Активноста ја реализираа:
Наст. Фатрије Арифи
Наст. Медина Дестани
Наст. Теута Малиќи







Поврзани објави